Неверојатно прво полувреме ни носи натпреварот меѓу Унион Берлин и Штутгарт во 30. коло од германската Бундеслига.
Двата тима играат епски први дел во кој по 45 минути резултатот е 4-4. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Илиќ во 5. минута. На 0-2 зголеми Леите во 19. минута. Гостите преку Ундав во 23. и Милот во 29. минута израмнија на 2-2.
Ново водство за Унион Берлин (3-2) донесе Керфелд во 39. минута, додека на 3-3 израмни Шабо во 43. минута. Водство од 3-4 за Штутгарт донесе Фухрих во првата минута од судиското надополнување. И тоа не беше се во првото полувреме Унион стигна до ново израмнување (4-4) со вториот гол на Илиќ во шестата минута од судиското продолжение.
Union Berlin 3-[4] Stuttgart – Chris Fuhrich 45'+1'
byu/Meladroitdetrela insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА