Лудо прво полувреме во Ријад, на пријателскиот меч меѓу ѕвездите на Ал Наср и Ал Хилал, и ПСЖ, кое заврши 2-2. Нема што нема на дуелот, четири гола, црвен картон, еден промашен и еден реализиран пенал…
Најпрво Меси донесе водство за ПСЖ уште во 3. минута, па следуваше голот на Роналдо од пенал во 34. минута.
Во 39. минута ПСЖ остана со играч помалку по исклучувањето и директниот црвен картон на Бернат, но Маркињос во 43. минута донесе предност за Парижаните.
Следуваше утнат пенал на Нејмар во третата минута од судиското надополнување, за потоа Роналдо во шестата минута од продолжението да погоди за израмнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА