Ракометарите на Пролет во неверојатен натпревар ремизираа на гостувањето кај Куманово (28-28) во натпревар од 16. коло во ракометната Суперлига на Македонија. Во првиот меч по смената на Матлиески, тимот од скопската населба иако имаше предност не успеа да стигне до полн плен.
Двете екипи одиграа еден израмнет натпревар кој беше решен во последните моменти. При водство на гостинскиот тим од 27-28, кумановци успеаја на шест секунди до крајот на мечот да израмнат на 28-28 преку Димевски. Скопјани погодија од центар во последната секунда, но по проверка на ВАР судиите донесоа одлука дека изминало времето за игра, по што беше официјализиран конечниот резултат 28-28. Тоше Ончев со осум гола беше прво име кај домаќинот, додека кај гостите Давор Палевски постигна 11 гола.
Охрид стигна до нова лесна победа овојпат на гостувањето кај Тиквеш од 19-31. Лиапис со шест гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Мијушковиќ исто така постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

