Лудо реми на „Олд Трафорд“, убедлив триумф на Тотенхем

Манчестер јунајтед и Арсенал одиграа фантастичен натпревар на „Олд Трафорд“ и на крајот ремизираа 2-2. Неверојатни грешки, убави потези и четири гола го филуваа овој дуел, а на крајот и двете екипи можат да бидат среќни затоа што не загубија. Арсенал двапати водеше, но Јунајтед успеваше да израмни.

Во 26. минута, по очајната реакција на Де Хеа и шутот со глава на Шкодран Мустафи, Арсенал стигна до водство. Но, Антони Марсијал израмни само четири минути подоцна.

Во вториот дел, Рохо направи груба грешка во одбраната, а нововлезениот Александре Лаказет во 68.минута донесе нова предност за Арсенал. Сепак, веќе во следниот напад, Џес Лингард постигна израмнувачки погодок.

Тотенхем убедливо го совлада Саутемптон со 3-1. Кејн, Лукаш и Сон беа стрелци за домашниот тим, а Чарли Остин во завршницата го постави конечниот епилог.

Се вчитува...