Лудо шкотско дерби: Шест гола за реми, Ренџерс се врати од „мртвите“ (ВИДЕО)

Екипата на Селтик беше пред голема победа на „Ајброкс“ против Глазгов Ренџерс, но домашните на крајот се спасија и дојдоа до бод. Луд натпревар донесе најголемото шкотско дерби, откако Ренџерс успеа да се врати и по негатива од 2-0 и да дојде до 2-2, но после 60 секунди следуваше нов шок за нова предност на Селтик, но во судиското надополнување и ново израмнување.

Уште во првите секунди од мечот (во 21. секунда), Маеда донесе предност за Селтик, а О’Рајли во 34. минута со паненка од пенал донесе и 0-2. Возбудливо и неизвесно беше во вториот дел. Најпрво Таверние од пенал намали, а потоа беше поништен гол на Ренџерс само две минути подоцна. Но, сините некако успеаја да се вратат и со голот на Сима во 86. минута. Само една минута подоцна Идах носи нова предност за Селтик.

И кога се чинеше дека „зелено-белите“ ќе слават триумф, Матондо со прекрасен гол донесе израмнување, и еден бод.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...