Натпреварот помеѓу Хјустон и Мајами не заврши на славен начин откако на 30 секунди пред крајот на средбата по расправија помеѓу Амен Томпсон и Тајлер Хиро настана општ хаос.
Томпсон го фати Хиро за дрес и го фрли на земјата по што во помош на неговиот соиграч пристигна Розие кој му врати на кошаркарот на Хјустон со иста мера па се активираа и клупите на двата тима кои се обидоа да ја смират ситуацијата.
Епилогот беа шест исклучувања. Покрај Хиро и Томпсон предвреме во соблекувалната заминаа и Џејлен Грин, тренерот Удока, неговиот помошник Саливен и Розие. Неколку минути претходно исклучување доби и Фред ван Влит.
Can’t lose your composure like that… pic.twitter.com/5DDAWJldAy
— HEAT on FanDuel Sports Network (@FanDuelSN_Heat) December 30, 2024
Натпреварот заврши со победа на Мајами од 100-104, а одлична партија одигра српскиот интернационалец Никола Јовиќ кој постигна 18 поени, 7 скокови и 6 асистенции. Најдобар поентер на средбата остана Хиро со 27 поени и 9 асистенции, додека 22 поени за Хјустон постигна Брукс.
Во останатите натпревари:
Орланд0 – Бруклин 102-101
Бостон – Индијана 114-123
Торонто – Атланта 107-136
Оклахома – Мемфис 130-106
Минесоста – Сан Антонио 112-110
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА