Потенцијалните противници на македонскиот шампион Шкендија во следната фаза во европските натпреварувања, бугарски Лудогорец и унгарски Ференцварош одиграа без голови 0-0 во првиот натпревар од двомечот во 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите.
Во натпреварот одигран во Разград иако гостите беа за нијанса подобар противник не успеаја да го начнат голот на домаќинот, па на крајот патникот во следната фаза ќе се одлучува во Будимпешта.
За потсетување доколку успеа да го мине Карабах, Шкендија во плеј-офот од Лигата на шампионите ќе игра против победникот од овој двобој, а доколку биде елиминиран од азербејџанскиот тим ќе игра против поразениот од истиот дуел.
Во останатите мечеви кои што веќе завршија денеска: Кајрат Алмати – Слован Братислава 1-0 и РБ Салцбург – Клуб Бриж 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

