На барање на Лудогорец, мечот од 6. коло во бугарската ефбет лига со Берое на гости е одложен. Бугарскиот првак побара одложување, со цел подобро да се подготви за мечот против Шкендија, со оглед дека им е потребна победа на реваншот, по поразот синоќа во Скопје од 2-1.
Дуелот меѓу Берое и Лудогорец требаше да се игра во понеделник во 20:15 часот на стадионот во Стара Загора.
За разлика од бугарската екипа, Шкендија нема намера да одложува натпревари. Тоа вчера го потенцираше и тренерот на „црвено-црните“, Јетон Беќири на прес конференцијата.
„Нема потреба да одложуваме мечеви, затоа што како прво треба да имаме почит кон другите екипи, а згора на тоа тие натпревари треба некогаш да се играат. Сметам дека имаме доволно широк и квалитетен играчки кадар да се справиме со сите предизвици на сите фронта“, рече Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

