Лудогорец продаде еден од клучните играчи пред реваншот со Шкендија

Лудогорец пред мечот со Шкендија во плеј-офот во Лигата на Европа, го продаде својот офанзивен играч Мунир Шуиар. Изненадувачки, француското крило заминува во шампионот на Мороко – Ренесанс Беркан. Вчера двата тима ги финалзиираа успешно преговорите, и играчот пристигна во Мароко и ги мина лекарските прегледи.

Се очекува бугарскиот првак добро да заработи од овој трансфер, а исто така да биде вметната и процент при следна продажба. Шуиар имаше неколку шанси во Скопје, меѓутоа не успеа да реализира и да донесе подобар резултат. Играше 65. минути, и беше еден од најдобрите на теренот за бугарскиот тим.

Се претпоставува дека целиот трансфер ќе чини три милиони евра кои ќе ги заработи Лудогорец, а го зема од Башакшехир за сума од 1,1 милион.

Се вчитува...