Македонскиот фудбалски шампион Шкендија продолжува да ја испишува клупската историја летово во европските натпреварувања.
Откако тетовци обезбедија најмалку есен во Конференциската лига, тие сега имаат предизвик пласман во Лигата на Европа. Последна пречка на овојпат е бугарскиот шампион Лудогорец.
Лудогорец токму пред мечот со Шкендија доведе екстра засилување во името на Матеуш Мачадо. 22-годишниот Бразилец во Бугарија доаѓа од шампионатот на Саудиска Арабија каде ги бранеше боите на Ал Фатех. Мачадо минатата сезона погоди против Ал Наср на Роналдо во 96. минута, гол со кој неговиот тим славеше со 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

