Лудогорец за 9. минути ја „избриша“ предноста на Шкендија (ВИДЕО)

Целосната офанзива на Лудогорец уште од стартните минути од мечот, беше крунисана со погодок во мрежата на Гаје и анулирана предноста на Шкендија уште во првите 10 минути.

Во 9. минута по една акција на Каио Видал по левата страна, шутираше, одби Гаје до нозете на Куртулус, кој од прва стрелаше во мрежата на Шкендија.

Претходно шанса имаше и Нареси, чиј удар заврши за малку крај голот. Веднаш по водството, Видал ја погоди и стативата од голот на Гаје.

Се вчитува...