„Лудориите“ на Мурињо – аплаудираше за ВАР, па трчаше за црвен картон за Стерлинг

Жозе Мурињо беше во елемент на дербито со Манчестер Сити, добивајќи ја пресметката со Пеп Гвардиола и зголемувајќи ги шансите на Тотенхем во трката за четвртото место кое води во ЛШ.

Сепак, Португалецот се надмина со однесувањето по одбранетиот пенал на Љорис во првото полувреме. Тој најпрвин аплаудираше откако ВАР-судиите одлучија да не досудат втор пенал за стартот врз Стерлинг. Задоволно седна на клупата, а потоа помошникот го потсети дека Стерлинг веќе има жолт картон и треба да добие втор за глума што ќе значеше исклучување за офанзивецот на Сити.

За спринтот на Мурињо сигурно љубоморни би биле и најбрзите светски атлетичари, нема што…

Се вчитува...