Во Соединетите Американски Држави се уште е далеку од враќање спортот поради пандемијата од коронавирусот. Сепак, работите полека се враќаат во нормала. Со отворањето на салите, некои НБА кошаркари почнаа со индивидуални тренинзи под строги услови.
На клубовите им е дадена препорака на тренинг да ги пуштаат само тие кошаркари кои со автомобил ќе се вратат во градот каде што настапуваат. Бидејќи Лука Донќиќ е во Словенија, ќе мора со автомобил да оди Далас, ако сака да стигне на тренинг.
„Лука направи многу неверојатни работи, но кога би се возел со автомобил од Словенија до Далас, тоа ќе биде најневеројатната работа“, напиша американската новинарка Кели Чаплан.
Да се случи сето ова е навистина неверојатно, но чекаме да видиме дали младиот Словенец ќе го прифати предизвикот и ќе тргне на една долга авантура.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА