Севилја го доби Винченцо Монтела за нов тренер, но тој не успеа да пронајде победничка стратегија за неговиот тим да го добие градското дерби против Бетис (3-5). Лудиот меч на андалузиските ривали заврши со осум гола, од кои пет во мрежата на Севилја.
Бетис поведе со гол на Руиз веќе на самиот старт, во првата минута, а откако Бен Једер израмни во 13.минута, Бетис по вторпат имаше водство во 21. минута со голот на Федал. Симон Кјаер пет минути пред полувремето повторно израмни.
Во вториот дел, Бетис го направи ерешавачкиот чекор кон триумфот со головите на Дурмиши и на Леон, а Севилја си даде надеж преку Лангеле. Но, Кристијан Телјо во последните мигови стави крај со петти гол во мрежата на домаќинот и конечни 3-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА