Лудовик Фабрегас: Вардар е секако фаворит, ние ќе се бориме за изненадување

Ракометарите на Монпелје се умерени оптимисти пред утрешниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Вардар кој од 18 часот стартува на Ф4 турнирот во Келн.

Францускиот репрезентативец Лудовик Фабрегас вели дека фаворитската улога останува за Вардар кој е дојден во Келн по одбрана на трофејот, но Монпелје е подготвен за максимално надигрување…

„Ние знаеме дека нема што да загубиме, затоа што и самиот пласман меѓу најдобрите четири екипи во Европа е голем успех за нас. Јасно е дека Вардар, која ја брани титулата, е фаворит пред финалето но ние сме подготвени за борба до крај. Ако, одиграме како низ сезоната во Лигата на шампионите тогаш можеме и до изненадување“ – вели Фабрегас.

Се вчитува...