Легендата на Монако, Лудовик Жули од денес ќе биде амбасадор на Moнако. Жули ќе ги претставува „кнезовите“ на официјални евенти оранизирани од клубот, а неговото влијание ќе биде присутно и во маркетинг операциите на осумкратниот француски првак.
Поранешната ѕвезда на Барселона ќе има можност да го сподели своето фудбалско знаење на младите фудбалери од академијата на Монако. „Кнезовите“ сметаат дека неговото искуство и ќе биде од огромна корист за развојот на таленти од „фудбалската фабрика“.
„Пресреќен сум што повторно ќе чекорам низ просториите на овој клуб. По толку поминати години и по се’ што искусив тука, горд сум што ќе бидам амбасадор на Монако. Со нетрпение го чекам извлекувањето за групите во Лигата нашампиони во четврток, каде за прв пат ќе бидам на мојата нова функција. Се надевам на успешна соработка со клубот“, изјави Жули.
Најмногу одличја „собра“ со Барселона, беше европски шампион во 2006 година, има две титули во шпанското првенсто, а два пати славеше и во Суперкупот на Шпанија. Со Монако беше шампион во сезоната 1999/2000, еден трофеј има и во Купот на Франција. Најсветла точка од поминатиот период на „Стад де Луј“, за Жуле е пласманот во финалето од Лигата на шампиони во 2004 година, каде доживеа огромен пораз од составот на Порто под водство на Жозе Мурињо. Покрај Монако и Барса, Жули ги бранеше боите и на Лион, ПСЖ, Рома и Лориен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА