Утре ќе биде „Денот Д“ за Евролигата, кога раководството на елитното европско кошаркарско натпреварување ќе ја донесе одлуката околу евентуалното продолжение на сезоната. Како што се ближи конечната одлука, така се поголем е песимизмот дека воопшто ќе има кошарка до крајот на сезонава, откако се повеќе кошаркари гласно ја критикуваат таа опција.
Последниот што се спротивстави на идејата за продолжение на сезоната е еден од најдобрите евролигашки кошаркари, Американецот Мајк Џејмс.
„Луѓето не можат да седнат во ресторани, а вие сакате јас да играм кошарка, Никаде не може да се излезе без маска, но јас би требало да играм кошарка, тоа навистина има смисла… Луѓе, сега не е време за играње кошарка“, порача Џејмс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА