Луис Алберто со уште еден шок за Лацио: Оди во лутиот ривал

По натпреварот со Салернитана и победата од 4-1, навивачите на Лацио можеа да бидат задоволни, но потоа следуваше шокантна изјава на еден од најдобрите играчи на римскиот клуб, Луис Алберто.

Алберто изјави дека нема повеќе да биде дел од Лацио откако ќе заврши сезоната, но неговата изјава одекна силно, со оглед дека очигледно е лут на раководството на „лацијалите“.

„Веќе го замолив клубот да ми биде раскинат договорот.Веќе не сакам да земам ниту едно евро од Лацио. Мислам дека сега е вистински момент за разделба, клубот ми даде толку многу, но дојде момент да си заминам и да го отстапам своето место на други фудбалери“, објави Луис Алберто.

Но, навивачите сигурно ќе му бидат уште погневни, откако е откриено дека Луис Алберто ќе остане во Италија, и најверојатно ќе потпише за Јувентус, еден од лутите ривали на „лацијалите“. Останува да се види како фановите ќе го дочекаат, доколку биде реализиран трансферот.

Се вчитува...