Национал го крсти тренинг-комплексот по Луис Суарез

Стадионот на кој Луис Суарез го започна својот поход во фудбалските империи, во чест на фудбалерот ќе го носи неговото име. На церемонијата во родниот крај на Суарез, клубот Национал го претстави тренинг комплексот кој ќе се вика „Луис Алберто Суарез“, а ѕвездата на Барселона заедно со семејството ја почести публиката со неколку зборови.

„Жал ми е што не можев да дојдам порано поради обврските со клубот и репрезентацијата, но моето враќање ми буди многу спомени. Сакав да им покажам на моите деца од каде потекнувам, каде сум ги започнал фудбалските денови“, истакна Суарез со многу емоции.

Репрезентативецот на Уругвај тврди дека клубот може да создаде нови таленти кои ќе се докажат во сферата на фудбалот, а се надева дека овие услови ќе им ја олеснат работата.

„Се надевам дека овој тренинг центар ќе им овозможи услови за работа и усовршување во спортот кој го обожаваат. Мислам дека не треба да се почуствуваат во моја кожа. Јас имав многу тешки периоди, но успеав бидејќи бев упорен да си го остварам сонот. Децата треба да разберат дека никогаш не треба да се откажуваат“, надополни 30-годишниот голгетер.

„Секогаш е убаво да се вратиш дома, секогаш ќе ги паметам моментите поминати тука и начинот на кој се однесуваа со мене. Голема чест е стадинот на кој започнав да ја градам кариерата го носи името мое, секогаш ќе бидам благодарен за овој гест на клубот“, беа завршните зборови на Суарез.

419BE3EF00000578-4628784-image-a-6_1498132054958

419BEB4100000578-4628784-image-a-8_1498132114363

419D433D00000578-4628784-image-a-19_1498132224916

 

Се вчитува...