Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте е одбран за најдобар селектор на машка репрезентација во светот за 2025 година според Меѓународната федерација за фудбалска историја и статисика (ИФФХС).
Де ла Фуенте кој ја освои европската круна со Шпанија во 2024 година, втора година по ред го добива ова признание. Тој ја предводеше листата со 136 поени, и заврши пред Роберто Мартинез и Лионел Скалони кои беа на второто, односно третото место на оваа листа.
Оваа година Шпанија обезбеди пласман на Мундијалот во 2026 година со брилијантна серија. Шпанија го надмина рекордот на сите времиња со последователни натпревари без пораз, односно 31 меч „фурија“ не знае за пораз, а исто така ја заврши годината на првото место на ранг листата на ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

