Луис Дијаз сака само во еден клуб, но има еден проблем…

Луис Дијаз е цврсто решен да си замине од Ливерпул, а негова омилена дестинација е Баерн Минхен. За услугите на колумбискиот фудбалер во последните седмици интерес покажаа неколку врвни европски клубови, како и Ал Наср од Саудиска Арабија, но желба на Дијаз е да се пресели на „Алијанц Арена“.

Германските медиуми тврдат дека тој дури и ги договорил личните услови, четиригодишен договор за плата од 14 милиони евра по сезона, двојно повисока од она што го заработува во Ливерпул во моментов. Неофицијално, тој ги известил челниците на Ливерпул дека сака да замине токму во Баерн, но англискиот првак веќе ставил до знаење дека нема лесно да ја испочитува неговата желба доколку од Минхен не пристигне соодветна понуда.

Баварците понудиле 65 милиони евра, сума што Ливерпул експресно ја одбил. Англсикиот гигант бара 100 милиони евра, сума што веќе ја има понудено Ал Наср, а „црвените“ се децидни дека нема намера да одат премногу под таа цена. Она што тие го бараат од Баерн се загарантирани 80 милиони евра плус клаузули, ако се знае дека овој клуб имал подготвено 120 милиони евра за Флоријан Вирц, трансфер што пропаднал токму против Ливерпул.

Баерн е во потрага по нов врвен офанзивец по повредата на Мусиала, а на управата на баварците е да пресече дали ќе ги прифати условите што ги бара Ливерпул или ќе се сврти кон останатите опции на пазарот, кои ги нема премногу…

Се вчитува...