Раководството на Пари Сен Жермен размислува за промени на кормилото на тимот, откако „светците“ остварија два порази во низа, во првенството и во Лигата на шампионите. Претседателот Насер Ал – Келаифи веќе не му верува бескрајно на тренерот Унаи Емери, па веќе ги разгледува опциите за да доведе нов тренер. Како една од најверојатните опции се споменува Луис Енрике, поранешниот тренер на Барселона.
Ал – Келаифи се уште не може да ја преболи фамозната елиминација од Лигата на шампионите, кога ПСЖ ја совлада Барселона со 4-0 во Париз, но потоа загуби на „Камп Ноу“ со 1-6, и тоа со гол во последните моменти од средбата. Токму Луис Енрике тогаш беше на клупата на Барселона.
Изминатото лето ПСЖ го купи Нејмар како еден вид одмазда за Барса, а сега би можеле да го именуваат и нивниот поранешен тренер за нов кормилар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА