Селекторот на Шпанија, Луис Енрике сосема очекувано е незадоволен од стартните две ремија на неговата репрезентација на ЕВРО 2020.
По вчерашното реми (1-1) со Полска, Енрике вели дека неговиот тим нема доволно идеи во нападот и дека очекувал многу повеќе…
„Не знам. Впечатоците не се најдобри. Можеби бевме супериорни во однос на ривалот, но ова не е доволно за победа. Ние се обидувавме но не успевавме да создадеме чисти позиции за гол. Наспроти тоа ми се допадна Полска, тие успеаја да создадат многу шанси. Мислам дека промашениот пенал во клучниот момент пресуди, но тоа не е оправдание. Очекував поголема супериорност од нас, останува сега да се корегираме на последниот натпревар“ – вели Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА