Шпанија не ја оправда фаворитската улога против Мароко во осминафиналето на СП 2022 во Катар, доживувајќи неочекувана елиминација од Мароко и покрај тоа што си го „наштима“ претходно противникот во елиминациската фаза.
Шпанците беа подобри од Мароко, но на крај по пеналите доживеаја пораз на кој никој не се надеваше. Секако, прв на удар е селекторот Луис Енрике кој и онака нема баш најдобар однос со медиумите во Шпанија.
Па, според најавите, во следните два дена веќе се очекува отказ за Луис Енрике и покрај тоа што Енрике порача дека е премногу рано да се зборува за неговата судбина и дека следната недела ќе разговара со челниците на Шпанската фудбалска федерација.
Меѓутоа медиумите категорично најавуваат дека во следните 48 часа Енрике ќе добие отказ, а веќе е позната и неговата замена на селекторската позиција.
„Луис Енрике заминува во следните 24 до 48 часа, а негова замена ќе биде селекторот на репрезентацијата до 21 година, Луис Де ла Фуенте“ – пренесуваат шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА