Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике очекувано ја доби наградата за најдобар тренер на годината на 69. церемонија во изборот за Златната топка на француски „Л’Екип“.
Шпанскиот стратег го предводеше францускиот клуб до „триплета“ освојувајќи ги француското првенство и Куп како и најпрестижниот трофеј во сезоната во Лигата на Шампионите.
Во конкуренција за најдобар тренер беа уште Арне Слот, Антонио Конте, Енцо Мареска и Ханси Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

