Луис Енрике е нов тренер на ПСЖ

Шпанскиот фудбалски тренер Луис Енрике е новиот шеф на стручниот штаб на Пари Сен Жермен.

Фабрицио Романо пренесува дека веќе е постигнат договор меѓу ПСЖ и Луис Енрике за двегодишна идна соработка. Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос и Луис Енрике нашле заеднички јазик па наредниве денови се очекува официјална промоција на Енрике како нов тренер на „светците“.

Енрике на клупата на Пари Сен Жермен ќе го замени Кристоф Галтие, кој доби отказ. Шпанецот во декември минатата година ја напушти шпанската селекција откако „црвената фурија“ беше елиминирана во осминафиналето на Светското првенство во Катар од Мароко по подоброто изведување пенали.

Се вчитува...