Луис Енрике е најновото тренерско има што се поврзува со преселба на клупата на Челси, по се погласните најави за заминување на Антонио Конте на крајот од оваа сезона. Италијанскиот стручњак е во војна со управата на клубот на чело со газдата Абрамович, дел од медиумите најавуваат дека Конте би можел да добие отказ во текот на оваа сезона, а сигурно е неговото заминување од „Стемфорд бриџ“ на почетокот од летото.
Диего Симеоне и Масимилијано Алегри беа тренерите што најчесто се поврзуваа со „сините“ од Лондон, но според последните информации газдата Роман Абрамович своето внимание сега целосно го насочил кон Луис Енрике. Екс-тренерот на Барселона е слободен да го преземе тимот уште во текот на оваа сезона, згора на тоа преферира офанзивен фудбал, каков што Абрамович „сонува“ за својот Челси.
Првичниот контакт веќе бил воспоставен, кај двете страни постои расположение за соработка, но до детални преговори нема да дојде додека Конте седи на клупата на лондонскиот клуб. Сепак, според британските медиуми самиот разговор со Енрике е јасна порака до Антонио Конте дека неговото време во Челси изминува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА