Арсенал ја продолжува потрагата по нов стратег кој би го наследил Арсен Венгер, но преговорите не се одвиваат онака како што посакуваат „топчиите“.
Луис Енрике делуваше како голем фаворит во оваа трка, но како што јавуваат британските медиуми состојбата се променила откако екс-тренерот на Барселона се сретнал со првиот човек на „топчиите“, Иван Газидис. Каталонецот искажал неверојатни побарувања од 20 милиони евра по сезона, со што би бил рамо до рамо со Мурињо и Гвардиола, но челниците на Арсенал не веруваат дека овој стратег заслужува толкава заработувачка.
Токму затоа Газидис се врти кон „планот Б“, ангажман на млад стручњак кој е запознаен со случувањата во клубот – Микаел Артета. Поранешниот капитен во последните две години го печеше занаетот кај Пеп Гвардиола во Манчестер сити и веќе искажа заинтересираност за функција во лондонскиот клуб. Според Газидис, тој поседува подобри тренерски квалитети од поранешниот капитен Патрик Виеира, па медиумите во Англија најавуваат нова средба разговори, по која Артета би можел да ги убеди „топчиите“ дека тој е вистинскиот човек за наследник на Венгер, по што веднаш би следело и потпишувањето на долгорочен договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА