Раководството на Наполи ќе мора да бара експресно решение во потрагата за нов тренер на клубот, откако Лучијано Спалети се одлучи да го напушти кормилото по крајот на сезоната.
Според пишувањето на „Кориере дело спорт“, првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис веќе имал разговори со Шпанецот Луис Енрике за преземање на тренерската функција.
Но, според информации, за да Енрике дојде во Неапол побарал клубот да ги задржи напаѓачот Виктор Осимен и фудбалерот од средниот ред, Квича Кварацкелија.
Енрике, пак, во таков случај ќе има амбиции да го освои трофејот во Лигата на шампионите следната сезона.
Покрај Наполи, за услугите на Луис Енрике, се истакнува дека е заинтересиран и ПСЖ кој следната сезона конечно сака да заблеска во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА