ПСЖ одигра уште еден разочарувачки натпревар откако францускиот првак не успеа да слави на гостувањето против Оксер ремизирајќи 0-0. „Светците“ имаа целосна доминација, упатија 18 удари кон противничкиот гол, имаа две одлични шанси во судиското продолжение, но се беше попусто кога не успеаја да најдат начин да го совладаат одличниот Леон, кој имаше 11 интервенции на голот на Оксер.
Притисокот врз тренерот Луис Енрике е се поголем по ремито со претпоследниот Нант и по поразот од Баерн во Лигата на Шампионите, но шпанскиот стручњак верува дека тимот наскоро ќе влезе во победнички ритам.
„Имавме 25 шанси, но не дадовме гол. Оксер беше целосно инфериорен иако играше дома, но сега повторно ќе мораме да ги слушаме критиките… Нема да ја загубивме вербата, светот околу нас е толку негативен, но јас сум задоволен од мојот тим. Немам магично стапче за со еден потег да решам се, но знаеме што ни е проблемот – мораме да ги реализираме шансите што ги создаваме. Штом го решиме работите ќе се вратат во нормала“, изјави Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

