Луис Енрике откри дали ќе носи замена за Кварацхелија

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, за првпат зборуваше пред медиумите за повредата на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Хвича Кварацхелија, и откри дали ќе биде активен во зимскиот преоден рок.

„Самата повреда не значи дека итно мораме да бараме нов играч. Уште на почетокот на сезоната реков дека тимот е способен да го одржи нивото дури и ако ни недостасуваат двајца или тројца играчи. Се разбира, секогаш сме отворени за доведување нови играчи доколку се појави потреба. Следењето на пазарот е дел од нашата работа, но тоа не е директно поврзано со повредите“, изјави Енрике.

Кварецхелија се повреди на дуелот со Барселона кој ПСЖ го доби со 4:2. Деталните лекарски прегледи покажаа дека тој ги скинал предните вркстени лигаменти на коленото, што практично значи крај на сезоната.

„За жал, уште веднаш по натпреварот беше јасно колку е сериозна повредата. Секако, нашите мисли се со Хвича и со сè низ што ќе мора да помине. Не е лесно, но мораме да останеме позитивни. Ако сакате да играте фудбал на највисоко ниво 10-15 години, повредите се неизбежни. „Квара“ е вистински борец, пред него е тежок предизвик“, вели Енрике.

Се вчитува...