Луис Енрике: Ова е хорор-филм, со мислите сум со жртвите и нивните семејства…

Шпанскиот селектор Луис Енрике ја опиша пандемијата од коронавирус како хорор-филм, откако оваа болест одзеде бројни животи ширум светот.

„Се надевам дека сите ќе разбереме што и правиме на нашата планета. Ова е нашата реалност во моментов, ова е хорор-филм, но верувам дека на крајот ќе победиме. Со мислите сум со сите оние кои страдаат во болниците. Не можам да престанам да мислам на децата, на луѓето кои одблиску се сретнаа со смртта, кои загубиле некој близок без да имаат шанса да се збогуваат од него“, емотивно изјави Енрике.

Кормиларот на „црвената фурија“ неодамна се врати на селекторската функција откако извесно време самиот се повлече поради тешка болест на неговата ќерка, која почина минатиот август на деветгодишна возраст.

Се вчитува...