Луис Енрике: „Подобри сме без Мбапе и во одбрана и во напад!“

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике вели дека воопшто не жали за Килијан Мбапе и неговото заминување во Реал Мадрид.

Мбапе не му помогна на ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите, ќе видиме дали ќе го направи тоа во „кралскиот клуб“, но факт е дека не се раздели со „светците“ на најдобар начин.

Ниту со тренерот Луис Енрике, легендата на Барселона…

„Бев многу храбар минатата сезона кога ви кажав дека ќе бидеме подобри во нападот и одбраната без Мбапе. Тоа постојано го кажувам и бројките го потврдуваат тоа. Сите го сакаа Килијан, но тимот реагира позитивно по неговото заминување. Сакав повеќе играчи да постигнуваат голови. Зрелоста е многу важна работа“ – изјави Енрике.

Затоа, од друга страна, тој е презадоволен од настапите на Усман Дембеле оваа сезона.

„Го познавам од Барселона, тој е многу отворен тип. Тој игра спектакуларно, статистички гледано е неверојатен. Не го ограничуваме, тој мора да биде важен за тимот, да биде носител на одлуки. Тој треба да биде лидер и мислам дека може да го прави тоа“ – дополнува Енрике.

Се вчитува...