Шпанскиот фудбалски тренер Луис Енрике ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на Пари Сен Жермен. Француските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на ПСЖ Луис Кампос и Луис Енрике нашле заеднички јазик и наведуваат дека Шпанецот наскоро ќе биде промовиран во нов тренер на „светците“.
Енрике на клупата на Пари Сен Жермен ќе го замени Кристоф Галтие, кој доби отказ. Француските медиуми потсетуваат дека кандидати за нов тренер на клубот од Париз беа Јулијан Нагелсман и Тиаго Мота, но на крајот изборот падна најверојатно ќе падне на Енрике.
Во декември минатата година тој ја напушти шпанската селекција откако „црвената фурија“ беше елиминирана во осминафиналето на Светското првенство во Катар од Мароко по подоброто изведување пенали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА