Барселона и Реал Мадрид се во неизвесна трка за шампионската титула во Примера, а „кралевите“ имаат одиграно еден меч помалку, што им дава голема предност пред последното коло од шампионатот. Двата гитанти се израмнети на врвот на табелата со по 87 бода, но на Барселона и преостанува само уште еден натпревар дома против Еибар, додека Реал Мадрид в среда ќе и гостува на Селта во Виго во заостанат меч, а потоа ќе има и уште едно гостување против Малага во последното коло. Со триумф и реми, „кралевите“ би биле шампиони.
Сепак, тренерот на Барселона, Луис Енрике, се надева дека Реал Мадрид може да доживее еден пораз на претстојите две гостувања.
„Ние нашата работа ќе ја завршиме, и потоа ќе чекаме ’кикс’ на Реал Мадрид. Да, секако, тие можат да загубат, имаат тешки гостувања. И ние таму губевме бодови“, изјави Луис Енрике по синоќешниот триумф (1-4) над Лас Палмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА