Луис Енрике: Сакам Пеп еден ден да стане селектор на Шпанија

Актуелниот шпански селектор Луис Енрике пред натпреварот со Косово изјави дека еден ден би сакал Пеп Гвардиола да седне на местото на кое е тој во моментов.

„Навистина сакам Пеп еден ден да биде селектор на Шпанија. Тоа би било совршено. Би сакал да ја видам нашата репрезентација со неговиот печат. Мислам дека Шпанија не би можела да има подобар селектор“, изјави Луис Енрике. 

Сево ова можеби и не изгледа толку нереално бидејќи Гвардиола веќе најави дека договорот со Сити кој е со важност до крајот на сезоната 2022/2023 нема да го продолжува.

Се вчитува...