Луис Енрике и неговите избраници не ја научија лекцијата од гостувањето во Париз, па вечерва против Јувентус одиграа уште еден блед меч на гостински терен, на кој беа казнети со три погодоци од „„старата дама“. Дел од вината сигурно лежи и кај самиот тренер, кој го стартуваше мечот со очајниот Матиу во одбраната, за по двата промени гола да го замени францускиот дефанзивец со Андре Гомеш.
„Кога го гледав првото полувреме, помислив дека ова е трето полувреме, продолжение од натпреварот во Париз. Ништо не беше како што треба, јас сум виновен за тактиката и позиционирањето, но играчите мораа да бидат подинамични. Не може да немате интензитет кога се среќавате со Јувентус, тоа е нешто што е недозволиво и што најмногу ме разочара. Во второто полувреме се поправивме, заигравме подобро, но за жал примивме уште еден погодок. Ние веќе покажавме и докажавме дека никој не смее да ја отпише Барселона, но да бидам искрен сега многу помалку верувам во камбек отколку што тоа беше случај по поразот во Париз од ПСЖ“ – изјави Луис Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА