Луис Енрике: Секс пред натпревар е убава работа, но една работа никако не е дозволена…

Атмосферата во таборот на шпанската репрезентација на стартот од ова СП е одлична, а еден од главните „виновници“ е Луис Енрике. Селекторот успеа да создаде одличен колектив изоставувајќи дел од поискусните фудбалери, а бидејќи и тој самиот своевремено беше успешен играч, Енрике добро знае што е неопходно за да се успее на големата сцена.

Затоа, Шпанецот јасно стави до знаење дека не го дели ставот на голем дел од неговите колеги селектори кога станува збор за секс на фудбалерите пред мечевите на големите натпреварувања.

„Смешно е и да помислам на забрана, па сексот е сосема нормална работа. Кај мене нема такви забрани, фудбалерите знаат дека можат да ја минат ноќта со своите партнерки, па и јас го правев тоа со мојата сопруга кога не бев во карантин ноќ пред натпреварот. Една работа сепак не дозволувам, тоа се оргиите…не дека имам нешто против, но тоа се ситуации во кои може да дојде до исцрпеност и затоа се недозволиви на вакви големи натпреварувања“, изјави Луис Енрике.

Се вчитува...