Луис Енрике со тешка повреда пренесен во болница, веднаш мора на операција

Тренерот на европскиот шампион ПСЖ, Луис Енрике бил пренесен во болница откако претрпел тешка повреда. Клубот се огласи и рече дека итна помош го пренела стручњакот во болница, и веднаш ќе биде подложен на операција.

Енрике имал инцидент додека возел велосипед, при што паднал и доживеал тешка повреда, скршеница на клучната коска.

„Во инцидент во текот за време на возење на велосипед, шефот на стручниот штаб Луис Енрике е хоспитализиран по интервенција на итната помош и ќе биде подложен на операција поради скршена клучна коска. Клубот му изразува целосна поддршка на тренерот и му посакува брзо опоравување. Нови информации ќе бидат соопштени благовремено“, објави ПСЖ.

Фудбалерите на ПСЖ сега немаат натпревари поради репрезентативните обврски, а следниот меч ќе го играат на 14. септември. Не е познато дали Енрике до тогаш ќе може да ја води екипата, и ќе мора некој од помошниците да „диригира“ со тимот.

Се вчитува...