Луис Енрике: Суспензијата на Меси е добра за Барселона

Тренерот на Барселона, Луис Енрике, вели дека суспензијата на Лионел Меси е добредојдена за тимот, затоа што доби одреден одмор пред завршницата од сезоната. Тој поради жолти картони го пропушти гостувањето во Гранада изминатиов викенд, и ќе биде освежен за утрешното дерби со Севилја на „Камп Ноу“.

„Меси е освежен, суспензијата можеби беше и добредојдена за него. Ќе го имаме одморен за продолжението од сезоната. Тој мини-одмор секогаш е добредојден за фудбалерите кои се максимално оптоварени во текот на сезоната. Среќен сум што тимот и без Меси одигра на високо ниво. Го имаме и Иниеста кој се враќа по проблемите со повредите, а сега следи период во кој ќе се решава за трофеите“, изјави Луис Енрике.

Се вчитува...