Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, по елиминацијата на Арсенал и пласманот во финалето на Лигата на шампионите, изјави дека на неговиот тим му оди подобро без Килијан Мбапе.
„Светците“ се пласираа во финалето на Лигата на шампионите откако во реваншот го совладаа Арсенал со 2-1, по тесната победа од 0- во Лондон.
Луис Енрике минатата сезона одлучи дека не му е потребен Килијан Мбапе и дека подобро ќе функционира без него.
„Бев многу храбар минатата сезона кога реков дека ќе имаме подобар тим без Мбапе. Се уште го мислам тоа, а статистиката го потврдува тоа. Штета е што Мбапе си замина, но играчите го сфатија тоа како предизвик. Сакав Мбапе да остане, но другите играчи одлично одговорија на споменатиот предизвик. И секогаш ќе претпочитам да имам четворица играчи кои ќе постигнат по десет гола отколку еден кој ќе постигне 40“, изјави Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

