Луис Енрике: Видовте како доминиравме, секако дека можеме да славиме на „Енфилд“

Луис Енрике не го криеше разочарувањето откако ПСЖ загуби на домашен терен од Ливерпул со 0-1, во дуел во кој неговиот тим целосно доминираше, но не успеа да го најде патот до мрежата крај извонредниот Алисон Бекер.

„Секако дека сме разочарани, со она што го прикажавме на теренот заслуживме резултатот на семафорот да биде сосема поинаков. Ливерпул никогаш не изгледал вака сезонава, тоа не беше по нивна желба, туку затоа што ние направивме да се мачат. За жал, не беше доволно… јас немам за што да им замерам на своите фудбалери, кои одиграа извонреден натпревар. Недостигаше само гол“, изјави шпанскиот стручњак.

Тој не крие дека очекува слично издание и на реваншот на „Енфилд“ следниот вторник, дуел на кој ПСЖ ќе се обиде да ја повтори синоќешната игра.

„Секако дека можеме да славиме на „Енфилд“. Видовте како доминиравме, можеме да ја повториме истата игра. Овој двомеч се уште е отворен, ние нема да се откажеме од четвртфиналето“, порача Енрике.

Се вчитува...