Луис Фиго го одбра фаворитот за полуфиналето помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити

Поранешниот фудбалски ас Луис Фиго фаворитската улога за полуфиналната средба помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити во Лигата на Шампионите им ја препиша на „граѓаните“.

Португалецот кој во играчката кариера ги бранеше боите на „кралскиот клуб“ верува дека тимот предводен од Пеп Гвардиола покрај квалитетот има и дополнителен мотив за победа по елиминацијата токму од шпанскиот гигант во истата фаза претходната сезона.

„За мене англискиот тим е фаворит. Тимот на Гвардиола е една од најдобрите на светот и веќе има искуство, а и мотивација плус по елиминацијата во минатогодишното полуфинале. Милам дека Пеп е фаворит против Реал и покрај тоа што ништо не е сигурно кога играш против клуб каков што е Реал Мадрид“, вели Фиго.

Се вчитува...