Луис Хамилтон ќе тргне од пол позицијата на утрешната трета сезонска трка од Формула 1 шампионатот која ќе се одржи на Хунгароринг во Будимпешта откако денеска во квалификациите имаше најдобар резултат (1.13.447) и го остави зад себе тимскиот партнер, Валтери Ботас со кого ќе го дели првиот стартен ред.
За Хамилтон ова е седма пол позиција на оваа патека и го израмни рекордот на Михаел Шумахер. Хамилтон стигна до бројката од 90 пол позиции во кариерата.
„Неверојатно, ќе морам да се штипнам за да поверувам. имам шанса да возам во најдобиот тим, им благодарам. Момците од конкуренцијата воопшто не ми ја олеснуваат работата, им честитам. Трката е долга, ќе треба да се покажам уште на стартот, Ќе видиме и какво ќе биде времето“ – изјави Хамилтон по квалфикациската сесија.
Во вториот стартен ред ќе бидат двајцата пилоти на Рејсинг Поинт, Ленс Строл кој имаше трето и Серхио Перез кој постигна четврти резултат во квалфикациите. Возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер имаа петто и шесто време. Во пресрет на утрешната трка, Валтери Ботас е лидер во поредокот со 43 бода, шест повеќе од актуелниот првак, Луис Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА