Формула 1 шампионот, Луис Хaмилтон ќе ја има пол позицијата на завршната трка од првенството во Абу Даби. За Британецот ова е 11. најдобра стартна позиција сезонава, во којa доминантно ја одбрани титулата. Клупскиот партнер од Мекларен, Валтери Ботас, ќе биде со него во првиот стартен ред.
Фетел и Раиконен ќе го пополнат вториот стартен ред. Фернандо Алонсо за кого ова е последниот викенд во Формула 1 во кариерата немаше успешни квалификации.
Трката за големата награда на Абу Даби има само престижно значење со оглед дека резултатски нема ништо значајно да донесе. Хамилтон е шампион, а Мекларен ја освои титулата во конкуренција на конструктори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА