Луис Хамилтон на пол позицијата во Русија: Една од најлошите сесии, ужасно

Луис Хамилтон ја оствари 96-та пол позиција во кариерата. Тој имаше најдобро време во квалификациите за трката за Големата награда на Русија на патеката во Сочи. Британецот беше за половна секунда побрз од Макс Ферстапен, трет резултат имаше вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.

Хамилтон до пол позицијата дојде откако во последен момент се спаси во вториот дел од квалификациите. Поради излетувањето на Себастијан Фетел на патеката имаше црвено знаменце две минути пред крајот на тој сегмент, а кога продолжи акцијата шесткратниот светски шампион најбрзиот круг го почна практично секунда пред истекот на времето.

Со евентуална победа утре, Хамилтон ќе дојде до 91-та победа во кариерата и ќе го израмни досегашниот рекорд кој му припаѓа на Михаел Шумахер.

 

Се вчитува...