Нова победа на Луис Хамилтон во Ф1 шампионатот, откако триумфираше во лудата трка за големата награда на Тоскана која се возеше на патеката Муџело. Второто место му припадна на неговиот клупски колега од Мерцедес Валтери Ботас, додека Александар Албон го освои третото место. Во бодови завршија и Рикардо, Перез, Норис, Квјат, Леклер, Раиконен и Фетел, додека едиствени без подиум од возачите кои ја завршија трката беа Расел и Грожан.
Трката ја одбележаа и двата рестарта од кои првиот се случи по страотниот судар во кој учествуваа скоро половина од болидите на патеката. При излегувањето на возилото за безбедност од патеката лошата контрола на водечкиот во трката Валтери Ботас доведе до тоа на крајот од колоната да дојде до страотен судар во кој учествуваа дури половина од болидите кои останаа на патеката. Вториот рестарт се случи по грешката на Ленс Строл на 14 круга до крајот на трката.
Во генералниот пласман Луис Хамилтон останува водечки пред Валтери Ботас и Макс Верстапен кој денеска не ја заврши трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА