Светскиот шампион Луис Хамилтон нема да вози на следната трка во Бахраин откако беше позитивен на последното тестирање на Covid-19. Британскиот ас пред два дена триумфираше на првата трка во оваа земја, во изминатата седмица трипати беше тестиран и секогаш беше негативен.
Сепак, кај светскиот првак утрово се појавиле првите симптоми, воедно и дознал дека лице со кое имал контакт пред доаѓањето во Бахраин е позитивно на коронавирус. Поради тоа утрово бил извршен нов тест врз него, при што резултатот бил позитивен.
„Согласно сите протоколи, Луис Хамилтон се наоѓа во самоизолација и нема да може да вози на следната трка од Формула 1 шампионатот“, објави неговиот тим Мерцедес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА