Луис Хамилтон со негативен рекорд ќе се прости од Мерцедес

Луис Хамилтон ќе го има својот 246. и последен старт за тимот на Мерцедес во недела на 8 декември во Абу Даби. Тој од следната сезона ќе вози за тимот на Ферари во Формула 1.

По 12 години, 84 победи и шест титули, на големиот Британец му се заканува опасност да се прости од Мерцедес со негативен рекорд. Моментално е седми во шампионатот со 211 бодови, дури 24 помалку од неговиот клупски колега Џорџ Расел.

Ако не победи во Емирати, тоа ќе биде негов најлош пласман во Формула 1 шампионатот откако влезе во најбрзиот циркус.

Досега најлош пласман му беше шестото место каде заврши во 2022 година, додека во 2009 година беше петти.

Се вчитува...