Тројниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, застана во заштита на светската тенисерка борј еден, Серена Вилијамс ,и ја поддржа во нејзината борба против расистичките навреди од легендарниот Илие Настас
Поранешниот романски тенисер на прес-конференција изјави дека очекува бебето на Серена Вилијамс да има боја на „чоколадно млеко“ и го потресе спортскиот свет со својата непримерна изјава. На изјавата на Настасе, Серена Вилијамс реагираше со порака на социјалните мрежи.
„Сум кажала многупати досега и ќе го кажам повторно. Светот стигна толку далеку, но се уште треба уште многу да се развиваме“ – напиша американската тенисерка, цитирајќи ги стиховите од една позната поема.
Луис Хамилтон го поздрави потегот на Серена Вилијамс и истакна дека е воодушевен од начинот на кој Американката му одговори на Настасе.
„Целосно ја поддржувам во тоа што го кажа. Мислам дека е многу убаво што ги напиша тие нешта како една силна и независна црномуреста жена. Едноставно, мислам дека Серена е неверојатна. Таа не само што е еден од најневеројатните луѓе што ги познавам, туку таа е и роден лидер. Серена не реагираше негативно на сето тоа, туку најде начин со реакцијата да инспирира многу луѓе во светот“ – вели Луис Хамилтон кој е близок пријател со Серена Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА